Дома Трансфер зона Тотенхем спрема понуда за голманот на Интер

Тотенхем спрема понуда за голманот на Интер

Тотенхем е силно заинтересиран за голманот  на Интер, Андре Онана, пренесуваат англиските медиуми.

„Спарси“ бараат замена за Уго Лорис, кој е во тимот од 2012 година, но во последно време често се повредува и може да го напушти клубот на лето.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Интер има финансиски проблеми и на лето ќе мора да продаде некоја од своите ѕвезди. Поради тоа спортскиот директор на „нероаѕурите“ Пјеро Аусилио патувал во Лондон и имал средба со неколку клубови од Премиер лигата.

Интер е спремен да го продаде Онана бидејќи тоа ќе биде чиста заработка на клубот со оглед на фактот дека голманот пристигна без обештетување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал сепак ќе му плати на Ливерпул за Трент

Сега е јасно дека Трент Александер-Арнолд од лето ќе биде играч на Реал Мадрид. Десниот бе…