Жозе Мурињо изјави дека Сон сака да го продолжи договорот, а клубот изгледа брзо ќе реагира.
Јужнокорејскиот напаѓач игра одлично веќе подолго време, а исклучително добро ја отвори и оваа сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сон е еден од најдобрите поединци во тимот на Мурињо, па клубот сака да го награди со нов договор, а „Специјалниот“ јавно побара од раководството да биде продолжен неговиот договор.
„Би сакал Сон да го продолжи договорот. Неговиот договор важи уште ѕтри години, па ситуацијата не е хитна. Сите во клубот го сакаат, се надевам дека ќе остане што е можно подолго“, гласеше изјавата на Мурињо.
Веќе денес пристигнуваат вести за реакција на раководството на Тотенхем.
Според информациите Сон би требало да потпише нов договор според кој ќе заработува 220.000 фунти неделно и со плус бонуси за времето поминато на терен. Ако го испочитува до крај (2023) тој во Тотенхем би заработил 57 милиони евра.