Претставниците на Тотенхем и на Баерн Минхен не успеаја да се договорат за трансфер на Хари Кејн на „Алијанц Арена“, пренесуваат медиумите на Островот.
Британските медиуми објавија дека челниците на Баерн се подготвени да платат околу 100 милиони евра за Кејн, но до договор не дојде откако раководството на Тотенхем побара 115 милиони евра за англискиот репрезентативец.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Скај Спорт“ пренесува дека претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, повторно се покажал како тежок преговарач и упорно ги одбива понудите на Баерн, иако Кејн влезе во последната година од договорот.
Напаѓачот има договор со Баварците и инсистира да се пресели во германскиот клуб, но Тотенхем не попушта.