Антонио Конте неодамна имаше состанок со претседателот на Тотенхем, Даниел Леви и му беа ветени неколку засилувања на лето.




Најголема желба на Конте е дефанзивецот на Интер, Стефан де Врај, бидејќи сака да ја засили одбраната.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Договорот на Де Вриј со Интер истекува во јуни 2023 година, нема најава за негово продолжување, па Холанѓанецот на лето ќе влезе во последната година од договорот.




Интер е спремен да го продаде, а Тотенхем сака да ја искористи шансата и веќе стапил во контакт со неговиот агент.




Тотенхем му нуди 4-годишен договор и плата од 6,5 милиони евра, а Интер за неговата слобода бара помеѓѕ 25 и 30 милиони евра.