Дома Топ вести Тотенхем му го нуди Ериксен на Реал по „дисконтна“ цена

Тотенхем му го нуди Ериксен на Реал по „дисконтна“ цена

Раководството на Тотенхем се поврзало директно со Реал Мадрид за да му понуди трансфер на Кристијан Ериксен, открива „Марка“.

Ериксен јавно потврди дека сака нов предизвик во кариерата и дена да го продолжи договорот со Тотенхем, па „спарси“ сакаат да заработат на неговото заминување, бидејќи неговиот догоговор истекува на крајот на сезоната.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Шефот на „петлите“ Даниел Леви остварил контакт со генералниот менаџер на Реал Мадрид, Хозе Анхел Санчез оваа недела, и двајцата разговарале за можноста за договор.

Тотенхем најпрво за потписот на Ериксен бараше 100 милиони евра, но сега би се сложил на продажба и за 70 милиони евра, тврди „Марка“.

„Кралевите“ не ја отфрлиле можноста да го купат Данецот, но прво ќе се насочат кон Пол Погба, кој е прва опција, а во Ериксен гледаат алтернатива.

Актуелниот договор на Кристијан Ериксен со Тотенхем истекува во јуни 2020 година, што значи дека Данецот мора да биде продаден ова лето, или следното ќе замине како слободен агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…