Дома Трансфер зона Тотенхем го одврза кесето: Пристигнува одличниот Французин

Тотенхем го одврза кесето: Пристигнува одличниот Французин

Изгледа дека Тотенхем одлучи да купува. Поточно, како што изјави Покетино, заминувањето на Дембеле во Кина отворти простор за доведување на играчи.

„Постојат неколку опции, сега имаме простор, отворени сме за промена. Не доведовме никого минатото лето, не најдовме вистински играч. Сега имаме седум дена и неколку опции“, изјави Аргентинецот.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Не го изговори името, но сите знаат, Адриен Рабио од ПСЖ. Французинот е „замрзнат“, ќе биде слободен во јуни, но сега по заминувањето на Де Јонг во Барселона неговите приоритети се променети. Се зборува дека ја фатил шансата да игра во Премиер лигата и дека се чека ПСЖ да го затвори трансферот на Леонардо Паредес од Зенит или Идрисес Геје од Евертон за да го продадат Рабио. Тој би бил големо засилување за Тотенхем.

„Изгледате чудно кога не трошите пари, но не е вистина дека не сакаме, но од различни причини не имавме прилика“, додаде Покетино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…