Дома Фудбал Англија Тотенхем го нокаутира Сити, блесна новото засилување (видео)

Тотенхем го нокаутира Сити, блесна новото засилување (видео)

Тотенхем го совлада Манчестер Сити со 2:0 во рамните на 25-то коло од Премиер лигата.

Манчестер Сити подобро го отвори натпреварот и имаше повеќе шанси да дојде до водство. Агуеро ја погоди стативата во 28-та минута, а десет минути подоцна ВАР досуди пенал за „граѓаните“. Меѓутоа, Уго Лорис го одбрани ударот на Гундоган.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Во второто полувреме работите тргнаа лошо за „граѓаните“. Најпрво Зинченко беше исклучен поради втор жолт картон, па неколку минути подоцна, новото засилување Бергвајн го донесе Тотенхем во водство.

Конечните 2:0 ги постави Сон, за голема победа на Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Мемфис Депај и хотелска соба од 40.000 евра месечно

Бразилскиот Коринтијанс западнал во големи долгови поради лошо направениот договор со позн…