Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Тотален хаос: Сампаоли е само фигура, играчите сами ќе го составуваат тимот за Нигерија

Тотален хаос: Сампаоли е само фигура, играчите сами ќе го составуваат тимот за Нигерија

Во редовите на аргентинската репрезентација владее тотален хаос и анархија. По синоќешниот состанок на играчите со главниот менаџер на федерацијата Хорхе Буручага, одлучено е во целост загубениот Хорхе Сампаоли да остане селектор до крајот на СП, но само формално.

На донесена е одлука Сампаоли да остане во Русија, но првиот тим за дуелот со Нигерија ќе го составуваат фудбалерите на чело со Лионел Меси. Дури и на тренинзите на Аргентина, иако е присутен Сампаоли нема некои посебни права.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Факт е дека фудбалерите ќе го прават тимот. Според информациите од кампот, Сампаоли ако не сака не мора да седи на клупата на мечот со Нигерија“, пишуваат аргентинските медиуми.

„Гаучосите“ во вторник од 20:00 часот мораат да победат и да се надеваат дека во исто време до победа нема да дојде Исланд против резеристите на Хрватска, или пак, Аргентина да победи со поголема гол разлика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Таткото на Белингем се карал со директорот на Борусија откако неговиот син бил заменет на полувремето

Марк Белингам во саботата дојде од Англија за да го гледа дебито на син му во Бундеслигата…