Искусниот напаѓач Фернандо Торес не размислува да стави крај на кариерата и следна етапа во неговата кариера ќе биде Мексико, пренесуваат шпанските медиуми.
Поранешниот напаѓач на Атлетико Мадрид, Ливерпул и Челзи, моментално настапува во јапонскиот Саган Тосу, но во летниот преоден рок би можел да се пресели во мексикански Атлетико (Сан Луис).
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Според медиумите, голема улога во евентуален трансфер може да одигра фактот дека сопственикот на Атлетико има удел во мексиканскиот клуб, од каде Торес има конкретна понуда.
35-годишниот Шпанец оваа сезина настапи на 8 натпревари за Саган Тосу и се уште не постигнал гол.