
Ќе се врати ли Фернандо Торес во Премиер лигата?
Шпанскиот напаѓач Фернандо Торес веќе во јануарскиот преоден рок би можел да се врати во најсилното англиско првенство и тоа во редовите на Њукасл.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Доколку Торес премине во редовите на Њукасл повторно би соработувал со Рафа Бенитез кој го доведе во Ливерпул во 2007 година. Шпанскиот ветеран во редовите веројатно би пристигнал како замена за српскиот напаѓач Александар Митровиќ кој е на излезни врати од клубот.
Покрај Њукал интерес за Торес покажа и тимот на Саутемптон каде што менаџер е Маурисио Пелегрино, кој исто така соработуваше со Торес. Имено, Пелегрино му беше помошник на Бенитез во времето кога Торес настапуваше за Ливерпул.