Дома Топ вести Топ 10 потенцијални трансфери: Белоти на чекор до Милан, Перишиќ влезе во Топ 4

Топ 10 потенцијални трансфери: Белоти на чекор до Милан, Перишиќ влезе во Топ 4

И денеска ви ги ја пренесуваме листата од Топ 10 трансфери кои денеска можат да се случат според страницата „Football Whispers“ која ги пренесува трансферите за кои најмногу се пишвуа во медиумите и кои од нив најверојатно е да се случат.

Најверојатниот трансфер кој денеска би можел да се случи е трансферот на Андреа Белоти од Торино во Милан. „Росонерите“ се во потрага по уште еден напаѓач, тоа е јасно. Изгледа дека првата трансфер опција Пјер-Емерик Обамејанг пропадна, па затоа во Милан инсистираат на Белоти, а ако и овој трансфер пропадне, на ред е Никола Калиниќ.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Додека ПСЖ работи на доведувањето на Нејмар од Барса и Алексис Санчез од Арсенал, зад центарот на вниманието се огласи трансферот на младиот Хуан Фојт од аргентинскиот Естудијантес во Париз. На третото место е транфсерот на чешкиот стопер, Онреј Мазуч од Спарта во Хал Сити, а на четвртото место повторно се наоша Иван Перишиќ кој веќе со „месеци“ се преселува од Интер во Манчестер Јунајтед.

Келечи Ихеаначо се уште не го договори трансферот од Манчестер Сити во Лестер. Се очекува тоа се случи денес.

Топ 10 трансфери кои денеска можат да се случат:

1. Андреа Белоти (Торино – Милан)
2. Хуан Фојт (Естудијантес – ПСЖ)
3. Онреј Мазуч (Спарта Прага – Хал Сити)
4. Иван Перишиќ (Интер – Манчестер Јунајтед)
5. Келечи Ихеаначо (Манчестер Сити – Лестер)
6. Фернандо Љоренте (Свонси – Челзи)
7. Том Лоренс (Лестер – Дерби)
8. Кеита Балде (Лацио – Милан)
9. Патрик Робертс (Манчестер Сити – Саутемптон)
10. Аумен Абденур (Валенсија – Вотфорд)

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Надал си доби златен рекет од Саудијците🎥

Турки Ал Шеик, советник на кралското семејство на Саудиска Арабија, на шпанскиот тенисер Р…