Дома Топ вести Топ 10 најглупави трансфери на сите времиња!

Топ 10 најглупави трансфери на сите времиња!

Не постои преоден рок во кој фудбалските клубови не прават големи промашувања. Често клубовите и тренерите грешат во проценката, па ние ни прикажуваме листа од 10-те најглупави транансфери во историјата.

10. Адриано: Фламенго – Рома

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Адриано својата фудбалска афирмација ја доживеа во Интер, но никогаш не го искористи целиот потенцијал, па се врати во Бразил. Потоа се појави Рома која го купи и му даде 5 милиони евра по сезона, а тој потег важи за еден од најглупавите во поновата историја на Серија А.

9. Лоран Блан: Интер – Манчестер Јунајтед

Некогашниот капитен на „триколорите“ своевремено беше столб на одбраната во Интер. Кога Фергусон го донесе во Манчестер Јунајтед никој не можеше да верува зошто купува 35-годишен фудбалер како замена за Јап Стам.

8. Жулијан Фоберт: Вест Хем – Реал Мадрид

Дури и агентот на Фоберт кога му се јавиле од Реал Мадрид прво погледнал во календарот да види дали станува збор за првоаприлска шега. Пристигна на Бернабеу за 2 милиони евра, остана 6 месеци и никој се уште не разбра зошто „кралевите“ се одлучија на ваков трансфер.

7. Дмитар Чигрински: Шахтјор – Барселона

Украинскиот клуб успеа да извлече солидна сума за Чигрински кој очигледно бреше преценет. Не се снајде на Камп Ноу и после само една година се врати во Украина.

6. Рикардо Кварезма: Порто – Интер

Интер цело лето водеше преговори за овој трансфер, на крајот искешира солидна сума за да го донесе Кварезма на „Џузепе Меаца“. Меѓутоа, Португалецот стана едно од најголемите промашувања на миланскиот клуб.

5. Емануел Адебајор: Арсенал – Манчестер Сити

Адебајор очајнички посакуваше да замине од Арсенал, и иако имаше многу понуди одлучи да се пресели во Сити. Во тие моменти „граѓаните“ се „расфрлаа“ со пари, па за Африканецот платија 30 милиони евра, а тој никогаш не ги оправда очекувањата.

4. Андреј Шевченко: Милан – Челзи

Шевченко во Милан имаше статус на „Бог“ и важеше за најдобар напаѓач во Европа, но во 2006 година реши да се пресели во Челзи. Абрамович за неговиот потпис искешира 40 милиони евра, а Украинецот не личеше на себе во синиот дрес.

3. Робињо: Реал Мадрид– Манчестер Сити

Робињо беше прва ѕвезда во Реал Мадрид кога го шокираше фудбалскиот свет и тогаш за рекорден трансфер премина во Манчестер Сити во последниот ден од преодниот рок. Воопшто не се снајде во Англија, а потоа направи трансфер во Милан.

2. Тевез и Маскерано: Коринтијанс – Вест Хем

Тевез и Маскерано важеа за едни од најголемите таленти во светот, па иако ги бараа многу еврпски гиганти, тие пристигнаа во Вест Хем во 2006 година. Само после неколку месеци самите побараа да бидат продадени, па едниот заврши во Ливерпул, а другиот во Манчестер Јунајтед.

1 Златан Ибрахимовиќ: Интер – Барселона

Ибрахимовиќ во текот на кариерата направи многу трансфер, но најчуден е секако тој во Барселона. Неговиот темперамент и карактер никако не се согласуваа со Пеп Гвардиола, па после само една година Ибра со закани ја напушти Барса и се пресели во Милан.

Каталонците за неговиот потпис искешираа 45 милиони евра плус Самуел Ето, а една година подоцна го продадоа за само 24 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…