Дома Топ вести „Топџиите“ во акција, стигнува напаѓач од 50 милиони!

„Топџиите“ во акција, стигнува напаѓач од 50 милиони!

Арсенал после Месут Озил и Алексис Санчез е спремен да издвои огромна сума за уште големо засилување.

Навивачите на Арсенал му замеруваа на Венгер за претераното штедења, па Французинот мораше да се поправи.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Како што споменавме Венгер во последните четири години доведе две големи засилувања, Алексис Санчез и Месут Озил, сега е спремен да вложи во Алваро Мората.

Познато е дека Венгер многу го цени Шпанецот уште од времето кога тој настапуваше како позајмен играч во Јувентус.

Од друга страна пак, Мората во Реал не добива преголема минутажа. Наводно Венгер е спремен на адресa на „кралскиот“ клуб да испрати понуда вредна 50 милиони фунти за услугите на напаѓачот, а веројатно Реал и не би ја одбил.

Мората настапи на 24 натпревари во Примера, а само на 13 беше стартер, но сепај успеа да постигне 15 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…