Лондонски Арсенал се приклучи на Ливерпул во битката за трансфер на фудбалерот на Барселона, Осман Дембеле.
Како што пишува каталонски „Спорт“, Арсенал е во предност бидејќи фудбалерот на тој тим, Пјер Емерик Обамејанг е добар пријател со Дембеле уште од Борусија Дортмунд, па ќе се обиде да го убеди да го напушти „Камп Ноу“.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На трансфер инсистира функционерот на Арсенал, Раул Санлехи, некогашниот директор на Барселона, човекот кој може да биде мост во целата работа.
Дембеле, кого Барселона го плати 105 милиони евра, се доведува во врска со заминување од Каталонија поради низата прекршоци врзани за дисциплината, односно пропуштањето на тренингот поради видео-игри.