Дома Фудбал Германија Тони Крос: Имам многу тоалетна хартија дома!

Тони Крос: Имам многу тоалетна хартија дома!

Германскиот играч за врска Тони Крос како и останатите фудбалери на Реал Мадрид во моментов е во карантин и ги сподели искуствата во медиумите.

Тој за германските медиуми откри како му поминуваат деновите во карантин во Мадрид во исчекување да помине пандемијата со коронавирусот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Јас и моето семејство сме добро, немаме симптоми. Не ми е досадно дома бидејќи можете да замислите како е со три деца. Важно е дека сите сме добро“, истакна Крос.

„Во мојот дом имам големи залихи на храна, најмногу  на макарони, бидејќи тоа најмногу го јадат моите деца. Исто така имам и многу тоалетна хартија во мојот дом“, откри Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Млад македонски голман ќе брани за Партизан!

Младиот македонски голман Павел Трајковски направи значаен исчекор во својата кариера отка…