Дома Фудбал Останато Толку од претседателската функција, Марадона се враќа на местото на успехот за да биде тренер?

Толку од претседателската функција, Марадона се враќа на местото на успехот за да биде тренер?

Според мексинскиот „ЕСПН“, Диего Марадона наскоро би можел да започне со тренерска работа во оваа земја.

Клубот Дорадос де Синола е во потрага по нов менаџер, а легендарниот Аргентинец е прв кандидат и веројатно токму тој ќе превземе должноста менаџер во овој клуб.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Аргентинецот го освои Мундијалот во Мексико 1986, а сега доколку најавите се покажат како точни ќе биде прв пат да работи во оваа земја. Најавите се дека постојат некои мали формалности кои не влијаат на конечната одлука.

За да биде тренер Марадона ќе мора да го раскине договорот со Динамо Брест каде што веќе беше претставен како претседател на белорускиот клуб.

Марадона после завршувањето на играчката кариера како менаџер предводеше неколку клубови, а од 2008 до 2010 година беше селектор на репрезентацијата на Аргентина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Арсенал не успеа со Вилијамс поради рекордни барања, Артета се сврте кон дуо од 125 милиони евра

„Топчиите“ ова лето сакаа да ги зајакнат своите редови со одличниот Нико Вилијамс, но како…