Дома Трансфер зона Толисо го напушта Баерн и се сели во Серија А

Толисо го напушта Баерн и се сели во Серија А

Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус и Интер се сериозно заинтересирани за играчот на Баерн Минхен и француски репрезентативец, Корентин Толисо.

26-годишниот играч за врска на лето ќе влезе во последната година од договорот со Баерн Минхен, а нема најави за негово продолжување.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Баварците се спремни да го продадат, а италијанските гиганти сакаат да ја искористат таквата ситуација.

Толисо пристигна на „Алијанц Арена“ во 2017 година од Лион за 40 милиони евра, а Баерн за неговата слобода ќе бара 25 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…