Бразилецот Хозе Гиљермо Толедо не ги исполни очекувањата во Вардар и си замина од Скопје.
Толедо ќе ја продолжи кариерата во Баја Маре, меѓутоа преку Инстаграм тој испрати порака до сите навивачи на Вардар. На почетокот од пораката Толедо со кирилица потенцираше – Благодарам многу Република Македонија.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
„Од приватни причини нема да бидам дел од убавата иднина на Вардар. Сакам да им се заблагодарам на сите соиграчи со кои играв минатата сезона, на сите што работеа во клубот на целиот народ во Македонија. Како и на оваа фотографија се надевам дека ќе погледнам и ќе се насмевнам кога ќе го видам знамето на Република Македонија и симболот на Вардар на највисокото место на подиумот“, напиша Толедо во пораката.