Италијанецот со бразилско потекло би можел повторно да заигра во Серија А.
Како што пишуваат италијанските медиуми, Тијаго Мота е блиску до враќање во Џенова. На искусниот фудбалер од средината на теренот му истече договорот со ПСЖ и повторно е слободен во изборот на новата средината како кога прв пат во 2008 година потпиша исто така за Џенова.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мота тогаш после една сезона во тој клуб премина во Интер за 10 милиони евра, а потоа во 2012 направи трансфер во ПСЖ вреден 11.5 милиони евра. Сега после пет ипол години тој ќе го напушти ПСЖ како слободен играч, а најблиску е до враќање во неговиот поранешен клуб.
Иначе Мота е дете на Барса со која освои две титули во Примера и Лигата на шампионите, пред премине во Атлетико Мадрид.