Дома Фудбал Останато Тинејџерот на Баерн кој постигна гол против Лацио ја избра репрезентацијата за кој ќе настапува

Тинејџерот на Баерн кој постигна гол против Лацио ја избра репрезентацијата за кој ќе настапува

Mладиот фудбалер на Баерн, Џамал Мусиала (18) ја избра репрезентацијата за која ќе настапува.

Талентираниот офанзивец на гигантот од Минхен донесе одлука во иднина да настапува за сениорската репрезентација на Германија, иако претходно настапуваше за младинските селекции на Англија.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Двата национални сојузи испратија понуди за талентираниот фудбалер за натпреварите кои се играат во март. Мусиала на крајот го прифати повикот на Јоаким Лев.

Како што пишуваат германските медиуми, Мусиала смета дека во репрезентацијата на Германија има поглеми шанси да биде стартер и затоа ја донел таквата одлука.

Станува збор за фудбалер роден во Германија. Таткото му е од Нигерија со англиски пасош, а мајка му Германка. Поголем дел од животот помина во Англија, сепак се реши да игра за земјата во која е роден.

Вчера Мусиала стана вториот најмлад фудбалер кој постигнал гол во нокаут фазата од Лигата на шампионите (најмлад е Бојан Кркиќ), претходно стана најмладиот стрелец за Баерн во Бундеслигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…