Барселона во претходните неколку години не се прослави кога во прашање се трансферите, односно продажбата на играчи.
Каталонците пред неколку дена го продадоа Артуро Видал за само милион евра, а пред него Иван Ракитиќ си замина за 1.5 милиони евра што е навистина мизерна бројка. Вчера беа потврдени и трансферите на Семедо и Суарез.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хозе Марија Бартомеу и друштвото веќе со години не работат добро кога се засилувањата во прашање. Каталонците лесно продаваат играчи кои вредат многу повеќе од она што тие го добиваат за нив и тоа е нешто што ги лути навивачите.
Најмногу пари добија за Нејмар, меѓутоа јасно е дека со неговото заминување изгубија многу. Покрај него тука се имиња кои ги пуштија за мали суми, а тие потоа блескаа во други клубови.
Шпанските медиуми сега составиј тим на Барселона со играчи од кои тие лесно се откажаа.