Дома Фудбал Англија Тим од соништата – Ова најдобрата „петорка“ според Марез!

Тим од соништата – Ова најдобрата „петорка“ според Марез!

Алжирецот,Ријад Марез, сеуште е член на Лестер иако на крајот од минатата јавно изјави дека сака да го промени клубот.

Марез јасно стави до знаење дека сака да го напушти клубот и да направи чекор напред во својата кариера. Фудбалерот сеуште не успеал да го договори својот трансфер бидејќи негова голема желба е да заигра за Барселона, но Каталонците во овој момент сметаат дека Марез не им е потребен.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Играчот од средината на Лестер до сега најмногу се поврзуваше со трансфер во Арсенал, но конкретен одговор сеуште нема. Марез како гостин во една телевизија одлучи да состави тим од пет играчи.

Секако, во истиот се смести и самиот себе, а место добија уште Џанлуиџи Буфон, Зинедин Зидан, Н’Голо Канте и Лионел Меси. Очигледно дека Марез сонува да заигра во тандем со Меси, па барем и на овој начин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

На повидок еден од најголемите скандали во мак.фудбалот: Објавени дописи за можни наместени натпревари! (Фото)

Фудбалската федерација на Македонија денеска објави дописи со УЕФА за можни натпревари во …