Дома Фудбал Англија Тимо Вернер од лето на Енфилд?

Тимо Вернер од лето на Енфилд?

Германскиот напаѓач Тимо Вернер кариерата би можел да ја продолжи во редовите на Ливерпул.

Како што пренесува „Билд“, 23-годишниот напаѓач е голема желба на менаџерот на „Црвените“, Јирген Клоп и тој ќе се обиде да го ангажира во летниот преоден рок.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Трансферот на ВЕрнер од Лајпциг во Ливерпул е можен. Цената од 60 милиони евра која ја бара германскиот клуб е прифатлива за тимот од Енфилд и голема е можноста овој напаѓач да заврши во ПЛ.

Вернер претходно се поврзуваше со многубројни великани. За неговиот потпис се бореа Баерн и Барселона, но на крајот не дојде до договор.

Тимо Вернер е навистина одличен оваа сезона. Одигра вкупно 30 натпревари за Лајпциг и запиша 25 голови и 10 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Aлегри едно засилување сигурно добива во јануари, Милан договори Колумбиец!

Масимилијано Алегри има амбициозна цел да се врати на голема врата оваа сезона, веќе пости…