Селекторот на репрезентацијата на Англија, Герет Саудгејт внесе некои големи промени од кога седна на клупата на „Гордиот Албион“.
Саудгејт пред се им се „заблагодари“ на бројните „истрошени“ фудбалери и на нивно место повика млади момци на кои им даваше шанса во важните натпревари.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Така сега на неговиот список репрезентативци преовладуваат фудбалери кои имаат 21 или помалку години, а англиските медиуми од нив составија идеални 11 кои во просек имаат 21 година.
Секако, тешко е да се верува дека овој тим ќе излезе на теренот во блиска иднина, но и кога тоа би се случило Англичаните не би имале причина да стравуваат бидејќи тимот изгледа навистна одлично.
На голот би бил голманот на Саутемтптон, Ангус Гун кој има само 23 години. Понатаму одбраната би ја сочинувале Александар-Арнолд, Џо Гомез, Даклан Рајс и Бен Чивел. Во задниот дел од средниот ред би биле Деле Али и Лофтус Чик, а пред нив Санчо, Стерлинг и Хадсон Одои. Напаѓачот на Манчестер Јунајтед Маркус Рашфорд ја доби позицијата најистурен во нападот.
Според имињата на играчите посебно импресивно изгледа офанзивниот дел од овој тим.
Иако овој состав сигурно нема да игра во квалификационите натпревари за Европското првенство против репрезентациите на Чешка и Црна Гора сигурно дека во наредните 10-тина година би можел да биде „костурот“ на репрезентацијата.