Дома Тикет на денот Тикет на денот (сабота, 16.12.2023)

Тикет на денот (сабота, 16.12.2023)

Уште неколку викенди останаа до зимската пауза. Се надеваме дека правилно ќе ги искористиме овие денови со одлична понуда. Ова е нашиот предлог тикет за денес.

Челзи – Шефилд Јунајтед – 1/1 @ 1.80 во Mozzart

Крајно време е екипата на Челзи да преземат нешто. Се наоѓаат на средината на табелата и во последните пет натпревари имаат само една победа, а тој учинок некако не прилега на тимот од Лондон. Нивниот противник Шефилд е на дното на табелата и има досега освоено само 8 бода. За домаќините ова делува како идеална шанса за да земат три бода, па веруваме дека без поголеми проблеми ќе го остварат тоа. Наш предлог е 1/1 со квота 1.80 во Mozzart.

Валенсија – Барселона – ГГ @ 1.81 во 22Bet

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Екипата на Валенсија имаше далеку подобар старт за разлика од ланската сезоната, но во последно време попуштија и на последните четири натпревари запишаа три порази и едно реми, но најважно е што се далеку од зоната за елиминација. Барса од друга страна не игра според очекувањата, а тоа го докажаа во последното коло кога беа поразени од екипата на Жирона, па сега се наоѓаат на 4-та позиција и со тој пласман не можат да бидат задоволни. Наш предлог за овој натпревар е ГГ со квота 1.81 во 22Bet.

Оксер – Ажаксио – 1 @ 1.65 во 20Bet

Екипата на Оксер има сериозни намери оваа сезона и ќе дадат се од себе за да обезбедат пласман во француската елитна лига. Засега се снаоѓаат одлично и може да кажеме дека се задоволни од досегашниот учинок со оглед на тоа што се наоѓаат на 3-то место на табелата. Ажаксио пак игра променливо, но рано е да им пресудиме за крајниот исход на оваа сезона. Ние веруваме дека Оксер може да ги земе трите бода на овој натпревар и типуваме 1 со квота 1.65 во 20Bet.

Селтик – Хартс – 1/1 @ 1.75 во Bet365

Селтик е на врвот на табелата и досега имаат освоено 42 бода, што во никој случај тој учинок не смее да се потцени. За жал во минатото коло доживеаа тотално неочекуван пораз и после водството од 1-0 во првото полувреме на крај претрпеа пораз од екипата на Килмарнок. Хартс од друга страна запиша два последователни неуспеси, поточно два пати беа поразени, а добро е тоа што се уште се во зоната која води во плеј оф. Селтик се издвојува како огромен фаворит на овој натпревар, а ние типуваме 1/1 со квота 1.75 во Bet365.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 9.40

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тикет на денот

Проверете

Тикет на денот (недела, 06.07.2025)

Уште еден солиден ден е пред нас каде што немавме поголеми проблеми при избор на натпревар…