Тиери Анри гостуваше во една емисија која ја водеше поранешниот дефанзивец на Ливерпул, Џејми Карагер.
Славниот француски напаѓач зборуваше на повеќе фудбалски теми, но на крајот доби задача да ги избере најдобрите пет играчи во историјата на фудбалот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ќе изберам само легенди, бидејќи премногу тешко е да се направи екипа од играчи кои играле во текот на мојата кариера.“ – изјави Анри и го направи својот избор:
„Диего Марадона, Пеле, Јохан Кројф, Бекенбауер и Михаел Лаудруп.“
Нормално, следуваше прашање: „Од каде Лаудруп на тој список?“, по што поранашната ѕвезда на Арсенал истакна дека Данецот е еден од најпотенцијалните играчи и дека според него е најдобрата десетка на сите времиња.
Here’s @ThierryHenry Ultimate 5-A-Side team ⭐️⚽️
— Greatest Game (@GreatestGamePod) November 4, 2019
Imagine facing these 5! ?#GreatestGame pic.twitter.com/MbuROpyVST