Дома Фудбал Англија Тешко било да се работи со Пеп, Жесус си ја отвори душата: Во Сити ако сте напаѓач може и топка да не допрете!

Тешко било да се работи со Пеп, Жесус си ја отвори душата: Во Сити ако сте напаѓач може и топка да не допрете!

После пет години во кои освои четири титули во Премиер лигата, Бразилецот Габриел Жесус ова лето се пресели во Манчестер Сити.

Во редовите на Манчестер Сити пристигна Ерлинг Халанд, па така за Жесус веќе немаше место во тимот на Пеп Гвардиола. Таа прилика знаеше да ја искористи Арсенал кој го доведе Бразилецот и не погреши.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Сега Жесус искрено зборуваше за ситуацијата со која се соочил во Манчестер Сити и начинот на кој работи Гвардиола.

„Пеп го разбира фудбалот како што тој сака. Кај него нема флексибилност. Ако сакате да бидете дел од неговиот тим морате да го прифатите тоа што тој го сака, ако не го прифатите ќе ви се заблагодари на соработката и ќе ви предложи да си најдете нов клуб. На почетокот ја сфаќав ситуацијата, но дојде момент кога си кажав дека сакам нешто друго“.

„Кога му кажав што сакам, морав да продолжам понатаму. Во Арсенал е поинаку, Артета е многу поразличен и има поинаков однос кон фудбалерите. Ако играте напаѓач во Сити може и топката да не ја допрете, тука сум слободен и се движам она како што сакам и затоа имам простор да го прикажам најдоброто“, изјави Жесус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Познати паровите за плеј-оф битките и четвртфиналето во Лигата на Нации

Во Лигата на Нации денеска беше одржана ждребката за плеј-оф битките за промоција и опстан…