Дома Фудбал Англија Тен Хаг: Твенте против нас го одигра натпреварот на животот

Тен Хаг: Твенте против нас го одигра натпреварот на животот

На менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг не му оди и веќе на големо се пишува за неговите можни наследници (ТУКА).

Иако добива критики, Тен Хаг по натпреварот против Твенте тврди дека неговиот тим останал без триумф затоа што Холанѓаните го одиграле најдобриот натпревар.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Твенте против нас го одигра натпреварот на животот. Начинот на кој го прославија освоениот бод покажува колку им значи. Моравме да бидеме спремни за такво нешто. Пруживме 99% од нашите можности, но тоа не беше доволно“, изјави Тен Хаг.

Истакна и дека пропуштиле многу прилики.

„Не ги потценивме, туку на 1:0 пропуштивме да го „завршиме“ натпреварот. Ако тогаш постигневме втор гол, натпреварот ќе беше готов. Ја имавме контролата ,требаше само да бидеме повеќе одлучни во завршницата“, додаде холандскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Флик потпишува нов договор и бара уште четири важни потписи во Барселона

Ханси Флик ќе потпише нов договор со Барселона. Како што и се очекуваше, управата под водс…