Maнчестер Јунајтед вчера победи на „Емирати“, но на крајот беше поразен од Арсенал 3:1. Двата гола за победа избраниците на Артета ги постигнаа во финишот од натпреварот.
Во 86. минута кога се уште беше 1:1, Јунајтед постигна гол, но по реакција на ВАР истиот беше поништен. По натпреварот, Ерик Тен Хаг имаше замерки за судењето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Мислам дека одигравме добро, но се беше против нас. Ако имавме малку повеќе среќа, ќе победевме. Голот кој го постигна Гарначо не беше офсајд, снимката се прикажа од погрешен агол. Исто така не добивме пенал направен врз Хојлуинд, потоа примивме гол кога претходно требаше да се досуди фаул врз Џони Еванс“, се пожали Тен Хаг.
И покрај поразот во играта на неговиот тим гледа напредок.
„Кога во прашање е нашата игра, гледам напредок, добро се браниме со висок и низок блок. Смирени сме и дефинитивно гледам простор да бидеме и подорби“, истакна холандскиот стратег.