Дома Фудбал Англија Тен Хаг незадоволен од судењето: Бевме оштетени за пенал

Тен Хаг незадоволен од судењето: Бевме оштетени за пенал

Maнчестер Јунајтед вчера одигра реми 2:2 против Тотенхем, а по оваа средба тренерот Ерик Тен Хаг истакна незадоволство од судењето.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Холандскиот стратег смета дека неговиот тим бил оштетен за пенал при резултат 1:1 кога Гарначо бил повлечен од Удоги во шеснаесетникот и Аргентинецот бараше пенал. Во тој момент ниту судијата на теренот, а ниту од ВАР собата не се огласија.

„Сметам дека повторно бевме оштетени за пенал. Но, сега ништо не може да се направи. За жал се навиканвме на ваквите ситуации, цела сезона истото се случува. 

Слично беше и на гостувањето кај Тотенхем кога имаше чиста рака од Ромеро, повеќе не можам ниту да ги набројам сите ситуации во кои одлуките беа против нас. Се надевам дека ќе се промени ситуацијата во наредните натпревари“, изјави Тен Хаг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Најпознатата навивачка на Хрватска ги возбуди сите на натпреварот со Панама (Фото)

Фудбалската репрезентација на Хрватска игра натпревар од второто коло на Светското првенст…