Дома Фудбал Англија Тен Хаг го претставил планот, планира „чистка“ во Манчестер

Тен Хаг го претставил планот, планира „чистка“ во Манчестер

Фаворитот за иден менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг на раководството на „црвените ѓаволи“ му претставил детален план со кој во рок од пет години мора да го врати клубот на врвот.

Тен Хаг верува дека тимот во моментов е далеку од нивото на Лигата на шампионите. Тој навел план за премостување на овој јаз, почнувајќи со драстично подобрување на физичката кондиција на тимот.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Тен Хаг побарал од раководството да учествува 100% во трансфер стратегијата на клубот, а медиумите тврдат дека Холанѓанецот највил „чистка“.

 Пол Погба, Џеси Лингард, Единсон Кавани, Хуан Мата се слободни и можат да го напуштат клубот, а Тен Хаг не смета на Антони Марсијал, Ван де Бек, Дин Хендерсон, Фил Џонс, Аксел Туанзебе и Ерик Баи.

Како засилувања за средниот ред ги сака Деклан Рајс од Вест Хем и Филипс од Лидс. Прв пик во нападот е Данџума од Виљареал, а довербата на младиот холандски стручњак треба да ја заслужи Џејдон Санчо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Саутгејт се уште е без ангажман затоа што чека понуда од само еден клуб?

Откако ја напушти клупата на репрезентацијата на Англија, Герет Саутгејт е без ангажман, п…