Дома Топ вести Тензија во Мадрид: Родриго објави пост за Мбапе, Белингем и Винисиус па го избриша

Тензија во Мадрид: Родриго објави пост за Мбапе, Белингем и Винисиус па го избриша

Напаѓачот на Реал Мадрид, Родриго имаше контроверзен пост на социјалните мрежи и покажа дека не му се допаѓа тоа што сите во преден план ги ставаат Џуд Белингем, Килијан Мбапе и Винисиус Жуниор.

Кралевите“ креираа страшен напад откако ова лето Килијан Мбапе стана нов „галактико“.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Медиумите одма почнаа да пишуваат стории за новото напаѓачко трио „БМВ“ (Белингем, Мбапе и Винисиус) и да се прават споредби со легендарните „ББЦ“ (Бензема, Бејл, Кристијано Роналдо) или „МСН“ (Меси, Суарез, Нејмар).

Очигледно ваквите написи не му се допаднаа на Родриго, кој имаше што да каже по натпреварот против Мајорка.

„Здраво момци, синоќешниот резултат против Мајорка не беше оној кој го посакувавме. Но во Ла Лига секој бод прави разлика на крајот. Среќен сум со погодокот и прогресот на тимот. Минатата недела сите зборуваа за триото составено од Белингем, Мбапе и Вини, но ќе треба да додат Р за Родриго во тој акроним. Имаме четворка во нападот“ – се велеше во дел од пораката на Бразилецот, кој го постигна единствениот гол на Реал Мадрид против Мајорка.

Родриго очигледно сфати дека малку претера со оваа објава и може да ја дестабилизира соблекувалната, па постот за брзо време беше избришан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Започна големото седење на Манчестер Сити

Судењето против Манчестер Сити започна денеска, откако Премиер лигата поднесе обвинение пр…