Дома Останати Кошарка Тензично и хаотично: Прекината Собраниската седница на МКФ

Тензично и хаотично: Прекината Собраниската седница на МКФ

По приближно три часа, без никаков ефект и епилог, беше прекинато тензичното и хаотично Собрание на МКФ.

Актуелниот претседател Петар Наумовски постојано се надмудруваше со сите коишто сакаа да изгласаат негова недоверба, а потоа следеше прекин поради доделувањето на наградите за најдобрите во изминатата календарска година.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Прво проблематично беше гласањето на новата асоцијација за кошарка „3 на 3“, која по скоро двочасовно објаснување не доби дозвола за учество на состанокот, а потоа следуваа час и полобина во лични навреди и префрлувања.

Работнички и Куманово побараа да се вметне во дневниот ред точката „недоверба“ на Пеце Наумовски.

Се уште е неизвесно дали, по доделувањето на наградите Собранието ќе продолжи со својата работа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Леброн: Не сум сигурен дека ќе играм наредната сезона

Леброн Џејмс, еден од најдобрите кошаркари во историјата, моментално ја игра својата 23. с…