Барселона ќе потпише договор со Гризман на 1-ви јули кога на сила ќе стапи новиот договор на Французинот во кој има откупна клазула од 120 милиони евра, пишува „Телеграф.
Претседателот на Барселона Хозе Марија Бартомеу минатата недела демантираше дека постои договор помеѓу Каталонците и Гризман, но реномираниот англиски медиум сега објавува дека Французинот за една недела ќе го видиме во дресот на Барселона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Гризман порано оваа година потпиша петгодишен договор со Атлетико, но тоа не значи ништо. Пред околу еден месец тој потврди дека заминува од Атлетико од ова лето.
Најмногу неговото име се поврзуваше со Барселона, а такво нешто тврдеше и директорот на Атлетик Жил Марин.
„На сите им е јасно каде ќе игра Гризман следната сезона. Тоа го знаеме. Неговиот нареден клуб ќе биде Барселона“, изјави Марин за каталонскиот „Спорт“.
Во Атлетико Гризман пристигна во 2014 година од Реал Сосиедад за сума од 30 милиони евра. За пет години во дресот на „јорганџиите“ одигра повеќе од 250 натпревари и постигна 133 голови.