Марио Манџукиќ падна во втор план во Торино од кога во клубот дојде Маурицио Сари.
Од доаѓањето на Сари на големо се пишува за тоа каде би можел Манџукиќ да ја продолжи кариерата. Се споменуваа Борусија Дортума и Баерн Минхен, но сега во трката за неговиот потпис се вклучи и амбициозниот премиерлигаш кој ова лето потроши голема сума на засилувања.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Евертон внимателно ја следи ситуацијата со 33 годишниот фудбалер и има намера да испрати понуда со цел да го засили својот напад за наредната сезона, пишува британски „Телеграф“.
Клубот од Ливерпул наскоро би требало да испрати официјална понуда, а „Старата дама“ наводно е спремна да го продаде Манџукиќ за 25 милиони евра.
Манџукиќ после одморот се врати во Торино и ги започна припремите за новата сезона.
Everton are interested in signing Juventus’ Mario Mandzukic. They are waiting to see whether Juventus are willing to sell him. Marco Silva is an admirer of his. (Source: Telegraph) pic.twitter.com/kfRYF2QDnR
— Everton Blue Army (@EvertonBlueArmy) July 16, 2019