Голманот на Њукасл, Ник Поуп ќе отсуствува од терените 4-5 месеци пренесува „Телеграф“.
31-годишниот голман го повреди рамото во дербито против Манчестер Јунајтед во саботата. На тој натпревар Њукасл славеше победа од 1:0.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поуп не го доврши натпреварот и мораше предвреме да биде заменет. На негово место во наредниот период на голот ќе биде Мартин Дубравка кој е втор голман.
Трет голман на Њукасл е познатиот Лорис Кариус кој фудбалските фанови го паметат по киксовите во финалето на Лигата на шампионите на голот на Ливерпул.
Не е исклучена можноста Њукасл да реагира во јануарскиот преоден рок и да доведе нов голман.