За првпат по заминувањето на Меси од Барселона се огласи и првиот човек на Ла Лига Хавиер Тебас.
„Ние сакаме да ги имаме најдобрите играчи. Прво останавме без Нејмар, потоа без Кристиано, а сега го нема и Меси. Заминувањето беше шок, посебно затоа што цел месец се изгледаше дека е во ред. Ќе биде тешко без него, но ќе работиме за да обезбедиме сигурна вредност на ТВ правата“, изјави Тебас.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Претходно Ла Лига ги продаде ТВ правата на „ЕСПН“ во договор на осум години за 400 милиони долари.