Дома Топ вести Тебас: Клубови како Барса и Јуве се финансиски разрушени, затоа Реал ќе ги земе Халанд и Мбапе

Тебас: Клубови како Барса и Јуве се финансиски разрушени, затоа Реал ќе ги земе Халанд и Мбапе

Според претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, Реал Мадрид на лето ќе успее да направи два големи трансфери.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тебас смета дека „кралевите“ ќе ја искористат лошата финансиска ситуацуја на другите клубови.

„Реал ќе ги доведе Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд, бидејќи другите клубови како Барселона и Јувентус се финансиски разрушени“, изјави Тебас.

„Немам никаква конкретна информација за Мбапе. Но за Ла Лига е одлична вест што тој ќе биде дел од шпанскиот фудбал. Тоа е најубавото нешто што може да ни се случи“, заклучи Тебас.

Килијан Мбапе на лето ќе биде слободен агент, додека Халанд има откупна клаузула од 75 милиони евра и Реал Мадрид е фаворит за нивните потписи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…