Дома Фудбал Англија Тврдеа дека е во хеликоптерот, а тој се огласи на Твитер! (фото)

Тврдеа дека е во хеликоптерот, а тој се огласи на Твитер! (фото)

Синоќа голема трагедија го потресе Лестер, откако се урна хеликоптерот на сопственикот на клубот, Вичај Шриваданапраба, но и после 15 часа нема информации кои лица се наоѓале во леталото.

Медиумите постојано пласираат контрадикторни информации, а синоќа „Би-Би-Си“ објави дека најверојатно во леталото бил и тренерот на Лестер, Клод Пуел.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


Меѓутоа, денес францускиот стратег преку Твитер се огласи и потврди дека е добро, а притоа испрати и порака до жртвите и нивните семејства.

„Ова е трагедија за клубот. Моите мисли се со жртвите и нивното семејство. Сакаме сите да ги спасиме. Неверојатно е ова што се случи и навистина сум тажен. Сакам да кажам дека не сум бил во хеликоптерот и дека сум добро“, напиша Пуел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Рафиња прогласен за „Играч на сезоната“ во Ла Лига

Напаѓачот на Барселона, Рафиња, беше прогласен за „Играч на сезоната“ во Шпанското фудбалс…