Иднината на Хамес Родригез е главна тема во спортските медиуми веќе подолго време, откако фудбалерот јавно призна дека не е задоволен со статусот во Реал Мадрид.
Колумбиецот е на мета на многу европски гиганти, кои се спремни да платат огромна сума на пари за да го видат во своите редови.
Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
Меѓутоа, неговиот татко тврди дека Хамес ќе остане во Мадрид и дека ќе го испочитува договорот кој го има со европскиот шампион.
„Родригез има обврски до Реал Мадрид и уште е под договор со овој клуб. Тој ќе остане во Реал. За време на овој празничен одмор минавме многу време заедно и игравме фудбал речиси секој ден. Тој беше многу среќен и се врати весел во Мадрид со цел да продолжи да работи со своите соиграчи“, изјави Вилсон Родригез.