Нејмар, поради повреда, нема да игра помеѓу шест и осум недели, што значи дека нема шанси тој да биде во тимот на ПСЖ на натпреварот против Реал во Лигата на шампионите, потврди таткото на фудбалерот.
Вчера тренерот на ПСЖ, Унаи Емери изјави дека Нејмар нема да оди на операција и постојат шанси да биде на теренот против Реал Мадрид во ЛШ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, Нејмар сениор ги разреши сите делеми и откри колку време најскапиот фудбалер ќе отсуствува од терените.
„Потребо е да ја ја почекаме одлуката на клубот. ПСЖ го чека вистинскиот момент за да ја објави информацијата. Докторот на бразилската репрезентација Родриго Ласмар треба да дојде во Париз и заедничката одлука треба да биде соопштена во среда“, тврди таткото на Нејмар.
„Не сакавме да се најдеме во ваква ситуација, но мораме да се обидеме да го лечиме Нејмар на најдобар можен начин. Се разбира, дека ќе го пропушти натпреварот со Реал, апсурдно е да се каже поинаку, неговиот третман ќе трае помеѓу 6 и 8 недели.. Важно е да делуваме брзо, не смееме да чекаме. Операцијата е најбрзиот начин да се забрза рехабилитацијата“, изјави Нејмар сениор.