Дома Топ вести „Тандем од соништата“: Јувентус му носи идеален партнер на Влаховиќ

„Тандем од соништата“: Јувентус му носи идеален партнер на Влаховиќ

Николо Заниоло важи за еден од најголемите италијански таленти, а на лето би можел да ја напушти Рома.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус покажува сериозен интерес и Заниоло ќе биде примарна трансфер цел на „старата дама“.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Бјанконерите“ подготвуваат понуда за 22-годишниот офанзивен играч кој има договор со Рома до 2024 година.

Заниоло одбива да го потпише нов договор со „волчицата“, па тоа ќе ја натера Рома сериозно да размисли да го продаде на лето.

Според „Газета дело Спорт“ Јувентус веќе стапил во контакт со неговиот агент и Заниоло дал согласност за преселба во Торино.

Јувентус верува дека Заниоло може да биде наследник на Дибала и одличен партнер на Влаховиќ во нападот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…