Лисабон е идеално место за враќање на формата на одличниот Уругваец.
Она што некогаш беше Порто, веќе неколку години е Бенфика. „Орлите“ воспоставија апсолутна доминација во португалскиот фудбал и скапо ги продаваат своите играчи, додека од друга страна за релативно мали суми доведуваат одлични засилувања.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Тоа во главно се млади играчи, меѓутоа, помеѓу нив секогаш има и некој искусен поединец. Таков во овој случај е Гастон Рамирез (26) кој според пишувањето на португалската „А Бола“ во Бенфика пристигнува за сума од пет милиони евра.
Уругваецот со Миделсброу испадна во Чемпиошип, но тој уште во текот на зимскиот преоден рок бараше да замине од клубот, поради што беше отстранет од тимот. Сега е моментот да го напушти „Риверсајд“, а заминувањето во Лисабон би можело да биде идеална опција за продолжување на неговата кариера.