Дома Фудбал Останато Тажни вести од Аргентина: Почина мајката на Гонзало Игуаин

Тажни вести од Аргентина: Почина мајката на Гонзало Игуаин

После долгогодишната брорба со ракот мајкатана Гонзало Игуаин, Нанси Закаријас вчера ја изгуби битката.

Таа почина на 64 годишна возраст. Познато беше дека е тешко болна, тоа го потврди еден од четворицата браќа Игуаин, Никола кој е агент на Гонзало и Федерико во Интер Мајами.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На Нанси пред четири години и беше дијагностициран рак, а во последната година здравствената состојба и се влоши.

Пред околу една година кога почнуваше пандемијата со коронавирусот и Игуаин беше член на Јувентус тој го напушти Торино за да оди во Аргентина и да биде покрај својата мајка. Тогаш аргентинскиот напаѓач беше на удар на критики на навивачите затоа што го напуштил карантинот, но многумина не знаеа низ што поминува Гонзало.

Подоцна Игуаин објасни дека неговата мајка има рак и дека ситуацијата и се искомплицирала.

Игуаин сериозно размислуваше и да ја заврши кариерата поради таквата ситуација.

„Кога дознав дека има рак размислував да ја прекинам кариерата. Сакав да бидам колку што е можно повеќе со неа. Меѓутоа таа разговараше со мене и ми порача дека ќе биде најсреќна ако продолжам да играм“, изјави Игуаин во една прилика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Премиерлигаш со ултиматум до хрватски клуб: Бара да го променат логото!

Англискиот премиерлигаш Брајтон & Хоув Албион испрати писмо до хрватскиот нисколигаш …