Тажни вести синоќа пристигнаа од Севиља бидејќи тренерот на тимот, Едуардо Беризо објави дека му е дијагностициран рак на простата.
Севиља успеа да освои бод против Ливерпул иако гостите на полувремето водеа со 3:0. Тренерот на шпанскиот клуб на полувреме одлучи да им соопшти на своите играчи дека му е дијагностициран рак, што очигледно предизвика инат кај играчите на тимот кои успеаа да изедначат на 3:3.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се уште не е познато дали Беризо ќе мора да ја напушти тренерската функција на Севиља, за да го започне лекувањето. Шпанските медиуми објавија вечерва дека прва се јавила Барселона која понудила помош за тренерот на Севиља.
Челниците на каталонскиот клуб, порачаа дека стојат на располагање да му помогнат на Беризо. Барселона го понудила својот лекарски тим како помош, бидејќи имаат искуство во тие работи, со оглед на тоа дека слични проблеми имаше некогашниот тренер на Барселона, Тито Виланова, кој почина пред неколку години.