Англиските медиуми откриваат дека во отказот на Мурињо учествувале и фудбалерите на Манчестер Јунајтед и тоа директно.
Наводно потпретседателот на Манчестер Јунајтед, Ед Вудворд закажал таен состанок со играчите за да го слушне нивното мислење дали Мурињо треба да добие отказ.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Од сите фдбалери, само двајца гласале за Мурињо да остане на „Олд Трафорд“, додека сите останати сметале дека „Специјалниот“ заслужува отказ.
Имено, за останување на Мурињо гласале само Ромелу Лукаку и Немања Матиќ, двајца фудбалери кои токму Мурињо ги донесе на „Олд Трафорд“.
Наводно фудбалерите на Манчестер Јунајтед предводени од Погба го прославиле отказот на Мурињо.
„Никој не сака да гледа како некој останува без работа, но на тренингот беше сосема поинаква атмосфера од претходно. Играчите се смееа, беа расположени и среќни“, истакна извор од клубот за „Мирор“.