Српскиот фудбалер Душан Тадиќ направи вистински потег кога минатото лето го избра Ајакс за негова нова дестинација.
Тадиќ одлучи да го напушти Саутемптон и да се пресели во Амстердам каде што игра навистина фантастично и во вторникот беше најзаслужен за големата победа на Ајакс против Реал во Мадрид.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Неговите одлични настапи не поминаа незабележано. Тадиќ во летото кое следи би можел да го направи најголемиот чекор напред и тоа 31-та година од животот.
Шпански „Мундо Депортиво“ пишува дека Пеп Гвардиола веќе остварил контакт со агентот на српскиот фудбалер. Гвардиола сака да го види Тадиќ во Сити и за неговите услуги е спремен да плати сума околу 30 милиони евра.
После натпреварот против Реал, Тадиќ не се поврзува само со Сити. Баерн исто така покажал интерес и секако ќе биде интересно да се види дали одличниот напаѓач ќе остане во текот на летото во Амстердам.
Тадиќ од почетокот на оваа сезона игра одлично. Одигра вкупно 40 натпревари во сите натпреварувања и има феномален учинок од 26 голови и 15 асистенции.
Неговиот договор со клубот од Холандија има важност до 2022 година, но според тоа какви настапи прикажува не би било воопшто чудно ако го видиме како прави трансфер во некој поголем европски клуб.
Пред доаѓањето во Ајакс, Тадиќ играше добро и во Саутемптон, меѓутоа повеќе не сакаше да се бори за опстанок во овој клуб и ја напушти Англија. Сега би можел многу брзо да се врати, но во тим со кој ќе биде главен фаворит за титулата.