Баерн Минхен за првпат по 12 години ќе заврши сезона без трофеј. Последен пат кога баварците не освоија ништо беше во сезоната 2011/2012.
Сезонава избраниците на Тухел ја загубија битката со Леверкузен во трката за домашниот шампионат, потоа беа елиминирани во полуфиналето од Купот на Германија и тоа од третолигаш, а вчера го завршија и настапот во Лигата на шампионите со поразот од Реал Мадрид.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Реал во реваншот славеше победа со 2:1 и тоа со два гола на Хоселу во завршицата, претходно Дејвис го доведе Баерн во предност.
Раководството на Баерн подолг период бара тренер кој би бил наследник на Тухел со кого е договорено да си замине на крајот од актуелната сезона, но засега добиваа неколку „корпи“.
Таа 2012 година кога Борусија Дортмунд им ја освои титулата во првенството тренер на тимот беше Јуп Хејнкес.