Фудбалот знае да испише неверојатни приказни, а токму таква е онаа на фудбалерот на Реал Мадрид, Хоселу.
Хоселу во вчерашното полуфинале против Баерн Минхен во игра влезе во 81. минута и до крајот успеа да постигне два гола за голема победа на „кралевите“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Приказната за 34-годишниот Хоселу е навистина неверојатна. Имено, по натпреварот во јавноста беше објавено дека пред две години тој го гледал финалето во кое Реал го победи Ливерпул со 1:4 во Париз како навивач.
Here’s Joselu supporting Real Madrid in Paris, Champions League final 2022.
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) May 8, 2024
Two years later, he’s sending Real Madrid to Champions League final after scoring a brace just before extra time.
❗️ He joined Real Madrid on loan from 2nd division Espanyol.
Football. 🤯🇪🇸 pic.twitter.com/aQGdcaZksS
Поинтересна е и ситуацијата од 2012 година кога како млад фудбалер на социјалните мрежи барал линк да го гледа Реал Мадрид.
„Може ли некој да ми даде добар линк за гледање на Реал“, објавил Хоселу на Твитер.
Во тоа време тој беше дел од Б тимот на „кралевите“ за подоцна да замине во Германија.