„Л’Eкип“ тешко се одлучува даде ваква оценка, но на Тадиќ му успеа.
Душан Тадиќ вчера го одигра најдобриот натпревар во неговата кариера, а тој настап реномираниот француски медиум „Л’Екип“ го оцени со чиста „десетка“. Интересно е што во последните 30 години „Л’Екип“ ваква оценка дал само на осумина фудбалери.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
https://www.youtube.com/watch?v=5Xnyn0FAIXk&t=59s
Ја добија домашните играчи Франк Соуза и Бруно Мартини во 1988 година, едниот за фантастичниот настап против Грција во квалификациите на голот на Франција, а другиот за двата гола, двете бомби.
На Ларс Виндифилд тешко дека некој ќе се сети. Неговиот клуб Архус во осминафиналето од Купот на УЕФА во 1997 година го елиминиаше Нант. Тој на својот гол во реваншот правеше чуда. Во првиот натпревар беше 2:2 во вториот Данците славеа победа и обезбедија место во следната фаза.
Останатите сопственици на „десетката“ се повеќе познати. Само еден човек успеал два пати да добие ваква оценка – Лионел Меси. Аргентинецот оваа оценка ја доби кога постигна четири гола против Арсенал (4:1) и две години подоцна кога постигна пет гола против Леверкузен (7:1).
Олег Саленко исто така постигна пет гол против Камерун во неважен натпревар на Мундијалот во 1994 година и така ја заработи најголемата оценка.
Левандовски постигна четири гола кога Дортмунд на домашен терен го победи Реал со 4:1, а Бразилецот Карлос Едуардо во победата на Ница против Гуингам постигна пет голови (7:2).
И уште Нејмар против Дижон во победата од 8:0 (четири гола и две асистенции).